МЗТ Скопје славеше победа со 70-56 (48-28) во вечерашното вечно дерби против Работнички.

Дуелот беше прекинат на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи. Прекинот траеше речиси час и пол а кошаркарите се вратија на теренот откако полицијата ја испразни салата.

Што се однесува до натпреварот, на паркетот уште од почетокот имаше еден тим, а тоа беа аеродромците. МЗТ уште по првата четвртина имаше 20 поени предност, разлика која беше и на полувремето. Во вториот дел тимот од Градскиот парк не успеа да ја поправи сликата, па на тој начин МЗТ запиша уште една победа во дуелите на двата големи ривали.

Mилош Копривица со 15 поени беше прво име кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2024 04:41