Во вчерашната емисија на ТВ 24, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека неговиот фокус е на потребите на граѓаните.
"Тука сме во функција на градоначалници за потребите на граѓаните. Настојуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните", рече Стефковски.
Во врска со тоа што беа одбиени општините Скопје, Струмица, Сарај, Теарце, Стефковски појасни дека министерот за локална самоуправа Златко Перински бил јасен дека нема да има селекција или партиски клуч при одлучувањето за распределба на средствата.
Стефковски додаде дека проектот не сегрегира ниту една општина, посочувајќи дека градоначалниците од СДСМ не се исклучени од процесот.
,,Оваа Влада не ги дели општините според тоа од која партија доаѓа градоначалникот. Одредени ресурси од ресорните министерства се доделувале за проекти во општини како Делчево, Крива Паланка и Берово кои управувани од СДСМ“, појасни Стефковски
Стефковски истакна дека Струмица аплицирала за изградба на градски пазар, но веќе има договор и обезбедени средства за реализација.
,,Детално се разговараше за тоа кои проекти можат да бидат финансирани од страна на владата," рече Стефковски, објаснувајќи дека општините можат да аплицираат за проекти кои можат да се реализираат во фази.