Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - На македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба.

Станува збор за проект кој Владата ќе се обиде да го договори со МАНУ и со универзитетската заедница. Идејата е проектот да биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година. Целта на овој проект е да се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој.

Ракавицата од Мицкоски е фрлена кон СДС.

Мицкоски потенцираше дека „мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата“ и додаде „потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија, на државата тоа и недостасуваше со години“.

СДС сега треба да се надмине да заборави на приоритетите на поединци, на партиските приоритети и да подаде рака за развој на државата по сите погубни политики кои ги водеа во последните седум години.

СДС мора да ја надмине кратковидоста и да прифати државна стратегија бидејќи само така Македонија ќе може да оди напред.

Мицкоски заклучи „на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден“.

Станува СДС да покаже што и е поважно лични и партиски интереси или Македонија!



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 17:57