Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека имаме опозиција која е слабо раководена и координирана, затоа настапува со критики по основ дневни политички теми
Зборувајќи за состојбите во македонската опозиција, Лефков рече дека имаме исклучително слаба и лошо координирана опозициска партија, додавајќи дека истовремено се работи за опозиција кој е без конкретни теми за кои може да и забележи на власта, затоа и нивните настапи во Собрание се слаби. „Можете да забележите дека опозицијата се води, би рекол, од дневно политички теми и коментари во недостаток на конкретни и конструктивни предлози. Последна тема за која се спротивставија беше Унгарскиот кредит за кој обвинуваа дека станува збор за кинески пари за кој добија шлаканица, лично од Орбан“, посочува Лефков.
Тој потсетува дека во изминатиот седумгодишен период поради одобрените земени кредити, а неповлечени средства поради немањето капацитет да се реализираат капитални проекти државата има платено некаде околу 25 милиони евра. Значи трошокот за нереализирани капитални инвестиции си добива само уште еден параметар, а тоа е 25милиони евра.
„Да не потсетувам за оној заем кој не чинеше плус 17 или 18 милиони евра, се сеќавате кога министерот за правда беше приморан да даде оставка, па не ја потпиша еврообврзницата за која беа платени сите трошоци, а потоа се издаде со повисока каматна стапка. Ако сето тоа го пресметаат економистите, доаѓате до загуба од 15 до 17 милиони евра, се на грбот на граѓаните, со тоа што не можеме прецизни затоа што никогаш не беше објавено чинењето на консултантските услуги за таа обврзница“, истакна Лефков.
Лефков посочи дека токму на оваа линија тие покажаа двојно полоши параметри и дека оние кои не задолжуваа во изминатиот период со емитување на државни обврзници со каматни стапки од 6,25% па нагоре, сега држат говори и излегуваат да критикуваат дупло поевтини кредити.