Германскиот дефанзивец Матс Хумелс се прашува зошто допрва треба да го има своето долгоочекувано деби за италијанска Рома.

Се очекуваше 35-годишниот Хумелс да стартува на домашен терен против украинскиот Динамо Киев синоќа во Лига Европа, но по втор пат оваа сезона гледаше од клупата во победата на Рома од 1-0.

Ветеранот, исто така, не настапи на претходните седум натпревари на Рома од почетокот на сезоната 2024/25 по неговиот трансфер во летото. Тој е единствениот играч во тимот на Рома кој сè уште чека да дебитира за Волците.

Според „Ил Месеџеро“, неколку часа по крајот на натпреварот против Динамо Киев, ветеранот бил сопрен од навивачите на Рома во областа Трастевере, на кои им ги споделил следниве зборови: „Не знам зошто не играв, му стојам на располагање на тренерот, подготвен сум да влезам доколку тој одлучи“



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2024 05:11