Вториот тренинг на Големата награда на Мексико беше прекинат во 13. минута поради црвени знамиња.

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел имаше несреќа на работ од осмата кривина, удри во преградата. Пилотот сам го напушти болидот кој беше отстранет од патеката.

Дваесет и петгодишниот Британец, кој беше прв на првиот тренинг, успеа да комплетира само четири круга. Тој имашње 19. резултат - 1 минута 19.041 секунди.

Поради замена на заштитната ограда имаше прекин повеќе од 20 минути.

Вечер од 23 часот се квалификациите, додека главата трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози утре од 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2024 16:51