Поранешниот албански премир и актуелен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кој е во домашен притвор, преку социјалните мрежи порача дека "граѓанската непослушност е патот до победата во Албанија".
- Верувам дека граѓанската непослушност е единствениот победнички пат во битката против империјата на Сорос, рече Бериша, додавајќи дека формирањето техничка влада е неминовно час поскоро.
Во разговор со граѓани на Фејсбук посочи дека албанската опозиција има причина да ја слави победата на Трамп бидејќи била " погодена од американската левица и Сорос, кои сакаат да ја уништат".
Прашан што може да донесе Доналд Трамп, како претседател, Бериша изјави дека Трамп и Ричард Гренел не го поддржале проектот за поделба на Косово.
- Трамп има уште едно наследство, а тоа е договорот што во неговиот кабинет го потпишаа премиерот на Косово Авдула Хоти и оној на Србија Александар Вучиќ. Победата на Доналд Трамп беше голема среќа за албанското семејство, наспроти плановите на Џорџ Сорос, кој сака да го уништи традиционалното семејство, казнува Бериша.
И третата по големина политичка сила во земјата, Партијата на слободата, на поранешниот шеф на државата, Илир Мета, кој пак е во затворски притвор, не се откажува од протести и граѓанската непослушност.
Генералниот секретар, Теди Блуши дури најави радикализација на протестите се до "уривањето на нарко-власта на Еди Рама"