Немам што да дополнам на тоа што претходните говорници го кажаа. Ќе ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на раководството на Тутунски комбинат АД Прилеп овде на пречекот.

Слушнавте и самите од тука се извезува на 9 пазари. Да се заблагодарам на пратениците од Прилеп коишто доаѓаат во македонското Собрание, коишто се борат секогаш и приоритет им се тутунопроизводителите од овој регион, Министерството за земјоделие, на министерот се разбира којшто е исто така врвен приоритет му се тутунопроизводителите како и впрочем сите земјоделци.

Очекувам овој период на консолидирање на тутунскиот комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана и очекувам во годините коишто следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството зошто да не овие 9 пазари да не бидат 18 пазари за некоја година од денеска. Тоа е она на коешто сите ние треба заедно да работиме и тоа е она за коешто оваа Влада ќе даде безусловна поддршка и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина.

Многу е направено и многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана ајде сега сите заедно да работиме на развојот, тоа е она што е наш приоритет.

Така што тука ќе завршам бидејќи се што имаше да се каже кажаа претходните говорници, јас не би сакал да се повторувам.“



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2024 19:07