Екипата на Кливленд кавалирс ја продолжи една од најдобрите почетни серии во историјата на НБА-лигата.
Кливленд ноќеска на домашен терен го победи Чикаго булс со 144:126 за 14. триумф во низа.
Кавалирс се шестиот НБА тим кој стартувал со 14 победи и прв по Голден Стејт, кој ја отвори сезоната 2015/16 со 24-0.
Серијата од 14 победи на Кливленд е најдолгата во 55-годишната историја на клубот. Претходно имаа три серии со 13-0 кога Леброн Џејмс играше за тимот.