По повод трагичната смрт на Ања Радоњиќ, општина Параќин прогласи тридневна жалост. Ања Радоњиќ беше тешко повредена во несреќата по паѓањето на повеќетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Дваесет и четиригодишната Радоњиќ почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.

Лекарите од Клиничкиот центар во Војводина продолжуваат со комплексно интензивен третман со континуирано следење на виталните функции на останатите двајцата пациенти кои се примени со тешки политрауматски повреди.

-Пациентите Ц. В, роден 2006 година и М. Т, родена 2000 година се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Мултидисциплинарен конзилијарен тим од лекари секојдневно донесува одлука за понатамошно лекување, изјавија од Службата за односи со јавноста на КЦВ.

Новосадската опозиција поднесе барање за разрешување на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 лица, додека двајца се борат за живот.

Оставката на Ѓуриќ е едно од барањата од серијата протести кои беа покренати по трагедијата



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 16:01