Земјоделците нема да останат заборавени, исплатата на заостанати субвенции продолжува. Денеска се изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година, информираат од Министерството за земјодлство, шумарство и водостопанство.

Корисници на оваа мерка, како што појаснуваат од Министерството, се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и сточарско производство и производство во преод согласно Законот за органско земјоделско производство или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Корисници на оваа мерка се и земјоделските стопанства/откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2024 03:37