Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим нема да има толку голем буџет за трансфери како што уживаше неговиот претходник Ерик тен Хаг. Тоа секако важи за претстојниот преоден рок во јануари, но генерално трендот на раководството на клубот се менува во оваа насока.
Новите косопственици од „Инеоас“ веќе направија голем број потези за намалување на трошоците. Ова ќе влијае на другите луѓе. Реално Рубен Аморим е првиот менаџер поставен под нивно раководство, па Португалецот ќе биде целосно свесен за барањата.
За две и пол години, Тен Хаг потроши повеќе од 600 милиони фунти на селекција, што го немаше очекуваниот ефект со перформансите на теренот. Откако конечно решија да го отпуштат, сопствениците потрошија 15 милиони фунти за обештетување за Холанѓанецот, а дополнително на Спортинг му платија 9,25 милиони фунти за ослободителната клаузула на Аморим. Манчестер Јунајтед забележа загуби пред оданочување од 312,9 милиони фунти во последните три сезони и е во опасност да не ги исполни правилата за профит и одржливост.
Сето тоа ќе се одрази на Аморим, кој ќе има значително поскромен буџет. Според „Дејли Телеграф“, раководството е на мислење дека во составот има голем нереализиран потенцијал, па задачата е играчите како Расмус Хојлунд и Мејсон Маунт, за кои беа потрошени вкупно околу 130 милиони, прво да почнат да ги покажуваат своите квалитети и потоа да размислуваат за засилувања на тимот.
Амбициите за привлекување фудбалери како Виктор Ѓекереш и Алфонсо Дејвис засега ќе останат во втор план