Напаѓачот Душан Влаховиќ би можел да биде продаден од Јувентус оваа зима, објави во понеделникот весникот „Газета дело спорт“. Ова може да се случи доколку „бјанконерите“ добијат профитабилна понуда за правата на 24-годишниот српски репрезентативец.

Раководството на клубот од Торино за Влаховиќ годишно троши 35 милиони евра, вклучувајќи ја и неговата плата. Договорот меѓу двете страни вклучува и бонуси за лојалност. На крајот од актуелната сезона напаѓачот ќе добие дополнителни 10,5 милиони, а на крајот на следната - 12.

Фудбалерот се уште не успеал да воспостави добри односи со новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, пишува во својот материјал реномираното италијанско издание.

Душан Влаховиќ има постигнато 6 гола на 12 натпревари во Серија „А“ оваа сезона



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2024 03:47