Американскиот фудбалер за врска Кристијан Пулишиќ со „танцот на Трамп“ славеше постигнат гол ноќеска за репрезентацијата против Јамајка (4:2) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации во КОНКАКАФ.
Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач погоди во 14. минута. По голот Пулишиќ танцуваше во стилот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Репрезентацијата на САД во Сент Луис, ја победи Јамајка со вкупни 5:2 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации КОНКАКАФ