Дваесетгодишен кумановец физички нападнал испитувач во сообраќаен испитен центар во Куманово, соопшти денеска полицијата.

- Вчера во 12: 30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(20) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот физички го нападнал Т.В.(60) од Куманово додека бил на работното место како испитувач во сообраќајниот испитен центар во Куманово, информираше СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 03:24