Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на Комисијата за финансирање и буџет, говореше за правата на малцинствата, како и за Законот за јазиците, посочувајќи дека дотичниот пратеник Сали Мурати, кој бил Уставен судија, кога ВМРО-ДПМНЕ поднело 35 илјади амандмани за Законот за јазиците, за на крај да завршат во контејнер.

„35 илјади амандмани, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ поднесе на Законот за јазици, и беа фрлени во контејнер. Што Вие како експерт, како Уставен судија мислите за таквиот начин на практицирање на демократијата. Тоа е флагрантно кршење на правата на пратеникот и практицирање на демократијата“, посочи Ласовска кон Мурати.

Пратеничката го праша пратеникот Мурати, дали кога тој бил претседател на Уставниот суд, за прекршената процедура и на каков начин бил донесен тогаш Законот.

„Дали тогаш се заинтересиравте да видите за прекршената процедура и начинот на којшто тој Закон се донесе и начинот на којшто беше спречено правото да биде дискутирано за тие амандмани“, додаде Ласовска, посочувајќи дека доколку искрено се залага пратеникот Мурати за турскиот јазик, имал време таа можност да ја претвори во реалност.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 04:49