На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски говорејќи кон пратеникот Оливер Спасовски, истакна жалење што до сега иако тој бил министер повеќе години, па дури и премиер, не спровел закони за подобрување на припадниците на МВР, туку сега во опозиција го бара истото.

„Безобразно ми е вие да поднесувате вакви амандмани за подобрување на МВР, како овој, така и за наредните, кога евидентно сите состојби коишто настанале во однос на овие потреби, настанале затоа што вие министерството што сте го воделе девет години, не сте ги администрирале добро’’, појасни Стојаноски.

Стојаноски дополни дека во владеењето на Спасовски како министер за внатрешни работи, ниту една работа немаат завршено и се фалат само со Скопје 2014, прислушувањето и поранешни претседатели на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ни за тие нема одговорност.

„За прислушкувањето кој одговараше, Спасовски? Дали некој е во затвор? Не. Тој што избега од границата на државата, дали некој одговараше за неговото бегство’’, праша Стојаноски и дополни.

„Кој одговараше за сите злодела во изминатото време од 11 години, сакате да Ви кажам. Поранешната Ваша министерка од МВР. Четири и пол години ги излежа за набавен мерцедес. Каде е тој мерцедес господине Спасовски? Кој велеше пред Владата ќе го продадеме мерцедесот и ќе купиме возила за брза помош?’’, нагласи Стојаноски и додаде дека киселата насмевка на лицето на Спасовски, јасно кажува се.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2024 04:53