Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е во слободен пад, па посегнаа по алтернативни методи во Собранието и на помош го повикаа и активираа насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев од Левица.
Филипче во паника и агонија користи нарачано насилство и провокации како единствен начин да го сврти вниманието кон опозицијата во Собранието. Поради тоа СДС го активира насилникот и пудлицата на Венко, Димитар Апасиев.
Примитивни и недолични се обидите на СДС преку нивниот приврзок, Левица и насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев да прават драми во законодавниот дом каде наместо цивилизирана и аргументирана дебата, конструктивни и продуктивни решенија нудат дефокус, политиканство и циркус.
Во текот на вчерашниот ден во видео од неколку секунди јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица.
На виделина излезе целиот примитивизам со кој се служи Филипче, а за профилот на политичкиот циркузант и акробациите на насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев кој во Собранието јавно навредуваше семејства и деца на пратеници, јавноста може самата да суди.
СДС и Левица се елементарна непогода на политичката сцена. Во современа демократија за која се залага ВМРО-ДПМНЕ нема простор за девијантно однесување, циркузанти, политиканство и деструкција.
Време е во политиката да има поинаков пристап. Време е за идеи, проекти и работа во интерес на граѓаните во Македонија.
ВМРО - ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на вчерашниот инцидент во Собранието, осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент.