Над 1200 ученици од скопската Општина Бутел денеска формираа најголемото македонско знаме.

Градоначалникот на општината Дарко Костовски во објавата на Фејсбук напиша дека знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи.

-Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна! Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности. Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија, напиша Костовски.

Овој чин, додава градоначалникот, не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.

-Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент. Македонија вечна, пишува тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2024 00:00