Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја освои номинацијата за „Играч на годината 2024“ од страна на ВТА.
Оваа титула 26-годишната тенисерка ја доби за прв пат во кариерата.
За наградата номинирани беа и Американката Кори Гауф, Италијанката Јасмин Паолини, Ига Швјонтек од Полска и Женг Кинвен.
Сабаленка ја заврши сезоната како прв рекет на светот. Оваа година, Белорусинката освои четири титули, вклучувајќи две на Грен слем турнирите (Австралија Опен и УС Опен).