Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ телефонски разговараше со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта за напредокот на земјите од Западен Балкан кон членство во ЕУ и во таа насока му ги пренесе позициите на официјален Загреб.
„Пред состанокот на Советот на ЕУ и самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела во Брисел разговарав телефонски со претседателот на ЕК Антонио Кошта. Ги пренесов ставовите на Хрватска во однос на напредокот на земјите од Западен Балкан во преговарачкиот процес за членство во Европска унија, исто така, разговаравме за важноста од продолжување на поддршката за Украина и ситуацијата на Блискиот Исток“, објави Пленковиќ на платформата Х.
Самитот на Европската унија и земјите од Западен Балкан ќе се одржи на 18 декември во Брисел.