Европската унија е запозната со најавата на Вишото јавно обвинителство во Белград дека наскоро ќе биде донесена одлука за обвинение против Милан Радоичиќ, соопштија за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Брисел, потсетувајќи дека од Србија се очекува да „обезбеди целосна одговорност за сторителите на нападот во Бањска“.
„Ова значи гонење и изведување пред суд на осомничените кои се во Србија и обезбедување целосна соработка во истрагата за нападот“, рече портпаролката на ЕУ, Анита Хипер.
Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, на 2 декември изјави дека одлуката за обвинение против Радоичиќ, за нападот на косовската полиција во Бањска, ќе биде донесена на крајот на оваа година или на почетокот на 2025 година.
Соопштението е еден ден откако косовскиот премиер Албин Курти ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Белград за екстрадиција во Приштина на поранешниот потпретседател на најголемата партија на Србите во Косово .
Брисел и Вашингтон не одговорија на прашањата на РСЕ во врска со повикот на Курти.
Србија го сомничи Радоичиќ за „тешко кривично дело против општата безбедност и нелегално производство, носење и трговија со оружје“.
Косово, пак, нападот во Бањска го оквалификува како терористички.