За прв пат, македонски пара алпски скијачи учествуваа на ФИС трки и при тоа се покажаа во добро издание. Станува збор за Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов, кои со тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, ја претставија Македонија на трките во Зурс, Австрија изминатиот викенд.

-На двете трки, Зоран Јовановски го освои одличното седмо место и заработи ФИС поени, што претставува значаен успех за македонскиот пара спорт. Вангел Тркаљанов, иако не успеа да ја заврши трката, покажа храброст и посветеност, поставувајќи основа за понатамошни успеси, изјави тренерот Стефанов.

Претстојат уште предизвици според ФИС календарот, каде со нетрпение го очекуваме учеството на нашите натпреварувачи, додаде Стефанов.

Воедно, започнуваат и подготовките за предвидените кампови за пара скијање, кои ќе бидат клучни за натамошниот развој на овие македонски спортисти



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 13:11