Жител на струмичкото село Дабиле, С.В. (57) се сомничи од полицијата дека вчера околу 19 часот од И.М. (64) од село Николиќ, Општина Дојран, одзел куче и при бегство од местото со возилото го удрил оштетениот, соопштија денеска од СВР Струмица.

Струмичанецот бил фатен од полицијата еден час подоцна на местото „Дојранска крстосница“ и кај него било пронајдено одземеното куче, кое му било вратено на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и по документирање на случајот против С.В. полицијата ќе поднесе соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/01/2025 02:42