Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.

Според неофицијални информации, тој бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија при обид за бегство од Македонија

Од ОЈО ГОКК појаснуваат дека по Наредба на обвинител во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и една во Гевгелија. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Во моментов од ОЈО ГОКК потврдуваат дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога.

Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.

Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2025 07:18