Астон Вила го објави потписот на Марко Асенсио од Пари Сен Жермен. Тој пристигнува на позајмица до крајот на сезоната.

Тимот од Бирмингем ќе ја покрие целата плата на 29-годишниот Шпанец, а во договорот нема опција за откуп.

Асенсио трипати ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид и има 38 натпревари за шпанската репрезентација.

Неговото доаѓање означува силен ден на трансфер пазарот за Астон Вила, која претходно денеска го објави потписот со Маркус Рашфорд. И фудбалерот на Манчестер Јунајтед пристигна на позајмица до крајот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2025 04:30