Израелската пејачка Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на Хамас на Музичкиот фестивал „Нова“, ќе го претставува Израел на „Евровизија“ 2025 година, објави денеска „Тајмс оф Израел“.

Младата поп-изведувачка победи на националниот „Евросонг“ натпревар, откако освои најмногу гласови од жирито и од јавноста.

Песната, со којашто Рафаел во мај ќе го претставува Израел во Швајцарија, се очекува да биде избрана следниот месец, од комисија на јавниот сервис „Кан“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2025 05:06