Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ Скопје се засили со рускиот центар Алекс Котов.
-Алекс е 208-сантиметарски крилен центар од Русија, кој играше во ВТБ лигата, а претходно настапуваше на НЦАА ниво со тимовите на универзитетите Кемпбел и Илиноис. Неговото искуство во елитни лиги го прави важен додаток на нашиот состав. Со силна физичка присутност и изразена одбрана, Алекс ќе донесе нова димензија во играта на ТФТ, соопштија од тимот.
Оттаму додаваат дека неговата способност да игра на различни позиции ќе биде одличен ресурс за тимот.