Советот на јавни обвинители едногласно ја избра Сузана Бошњаковска за јавен обвинител во ОЈО Берово.

Бошњаковска доаѓа од Академијата на судии и јавни обвинители, и моментално е јавен обвинител во ОЈО Делчево.

Изборот на Бошњаковска доаѓа како пополнување на целосно испразнетото ОЈО Берово по изборот на јавниот обвинител Златко Биковски во Републичкото јавно обвинителство



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2025 14:54