Астон Мартин на крајот на овој месец ќе го открие болидот за 2025 година.

Според тимот, свеченото претставување на болидот AMR25 е планирано за 23 февруари во Бахреин. Следниот ден, тимот таму ќе го тестира автомобилот таму како дел од денот на снимањето.

Претсезонските тестирања ќе се одржат во Бахреин на 26-28 февруари.

Сезоната во Формула 1 ќе започне на Гран При на Австралија со етапата од 14-16 март.

За Астон Мартин во претстојната сезона ќе возат Фернандо Алонсо и Ленс Строл.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2025 15:07