Босанската полиција заплени над 100 килограми дрога и уапси едно лице во акцијата „Такси“, објави државната телевизија БХРТ.

При претресот се пронајдени над два килограма кокаин, четири килограми амфетамин, 80 килограми марихуана, 26.000 таблети екстази и 30 литри течен амфетамин. Освен дрога, запленети се и две пушки, пет пиштоли, два пригушувачи и над 400 парчиња муниција.

Пазарната вредност на запленетата дрога се проценува на над еден милион конвертибилни марки (околу 500.000 евра).

Уапсен е таксистот Харис Мујчиновиќ од Сараево, кој се сомничи за нелегално производство и трговија со наркотици, како и за нелегално поседување оружје и експлозивни материјали, објави порталот Кликс.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2025 15:16