Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го коментираше указот на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на трансродовите лица да учествуваат во женски натпревари.

- Работејќи со релевантните меѓународни спортски федерации, ИОК ќе продолжи јавна дебата за различни теми, меѓу нив и за трансродовите лица, соопштија од ИОК.

Претседателот на САД, вчера потпиша извршна наредба со која им се забранува на мажите на кои им е извршена промена на полот да учествуваат во женски спортски натпревари.

Прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит, рече дека американската администрација очекува ИОК и Националната атлетска колеџ асоцијација (NCAA) да го поддржат законот



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2025 05:24