Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не е сигурен за неговата фудбалска иднина.
Актуелниот договор на 33-годишниот Холанѓанец со тимот од „Енфилд“ е до лето.
- Немам поим што ќе донесе иднината. Оној што вели дека знае нешто, не знае ништо! – го цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Ван Дајк.
Холанѓанецот оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Дефанзивецот игра за Ливерпул од 2018 година.