Нов случај на врсничко насилство денеска во Скопје. Нападнато, ограбено и снимано девојче во скопско Ѓорче Петров.

– Во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2025 05:49