Гевгелија од денес до недела е домаќин на натпреварите од годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски - Буштур“.
Осумте екипи во машка и четири во женска ќе се борат за вредниот трофеј.
Двојки за денешните четвртфиналиња: ТФТ – Гостивар (почеток 13 часот) Пелистер – Чаир (15:30 ч.) Куманово – Кожув (18 ч.) МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 20:30 ч.)
Трофејот од ланскиот куп го брани МЗТ Скопје Аеродром.