Федерика Брињоне го освои златниот медал во денешниот велеслалом на Светското првенство во Залбах (Австрија). Двете трки италијанската алпска скијачка ги заврши со вкупно време 2 минути, 22 секунди и 61 стотинка.

Ова е прво злато за Брињоне во велеслалом. Таа стана втора Италијанка со најсјајно одличје на мундијалските велеслаломски трки.

Алси Робинсон од Нов Зеланд го освои второто место и сребрениот медал со 90 стотинки заостанување зад победничката.

Како третопласирана велеслаломот го заврши Пола Молцан од САД со време 2:25.33 минути.

Утре на програмата е машкиот велеслалом



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2025 03:12