Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ноќеска избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште. Пожарот е локализиран утрово во 5:30 часот.

Во гасење на пожарот интервенирале девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила. На испомош биле испратени уште четворица пожарникари со едно противпожарно возило од тетовската противпожарна единица, кои интервенирале до 4 часот наутро.

Во текот на гасењето на пожарот, еден од пожарникарите паднал од скали и се повредил, по што бил пренесен на Ургентниот центар во Клиничката болница во Гостивар.

Според информациите на ЦУК, два од три објекти на магацинот се целосно изгорени, а третиот е делумно изгорен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2025 17:05