Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска во Израел се сретна и со израелскиот претседател Исак Херцог во неговата резиденција.
Според „Тајмс оф Израел“, тоа било тет-а-тет средба, по што следи проширен состанок со помошниците.
Рубио се сретна и со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, по средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху.