Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море како дел од рутинските операции за надзор, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.
Групата се состоела од три воени и три цивилни бродови, а се движела од Средоземното Море кон руското пристаниште, пренесува Nltimes.
Бродот на холандската морнарица Јохан де Вит, како и еден хеликоптер, ги придружуваа руските бродови надвор од холандската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ).