Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед во 25. коло од Премиер лигата со резултат 1:0.

Рубен Аморим имаше големи проблеми со повредени играчи. Манчестер Јунајтед на натпреварот против Тотенхем настапи со само 12 играчи кои некогаш одиграле натпревар во Премиер лигата.

Иако имаа голем број шанси за израмнување, па и за победа, Тотенхем сепак ги однесе дома трите златни бода, додека Јунајтед продолжува да има големи проблеми во Премиер лигата.

„Петлите“ сега се на 12. место со 30 бодови, додека Манчестер Јунајтед е само 15. по 25 одиграни натпревари со 29 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2025 03:42