Кливленд кавалирс ноќеска на домашен терен го победи Бруклин нетс со 109:104. Ова е 15-та последователна победа за Кливленд по која го израмни рекордот на тимот поставен оваа сезона.

- Ја освоивме централната дивизија. Денес беше забавно. Продолжуваме да се радуваме на мали достигнувања, рече центарот Џерет Ален (23 поени, 13 скока, 3 блокади) по триумфот над Нетс.

Кливленд претходно стана првиот тим сезонава со 50 победи и обезбеден пласман во плејофот.

Во моментов, тимот продолжува да води во поредокот на лигата (55-10 победи-порази). Овој резултат е 5-ти најдобар во историјата на НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2025 17:08