Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих сепак ќе потпише нов договор со тимот и со тоа ќе го продолжи својот престој во Баварија. Темата за продолжување на соработката меѓу актуелниот германски вицешампион и репрезентативецот со месеци жестоко се дебатира, а нејзиниот епилог во изминатиот период наизменично го коментираа и двете страни.

Речиси четири месеци не беше познато што ќе се случи со играчот од средниот ред во лето, а неговото заминување изгледаше како се пореална опција.

Фудбалерот, кој е член на Баерн од 2015 година, на новинарите по триумфот во Леверкузен (2-0, вкупни 5-0) и пласманот меѓу осумте најдобри тимови во Европа, изјави дека сагата дефинитивно има среќен крај.

-Новиот договор дефинитивно ќе дојде во следните неколку дена. Невозможно е да се фокусираме на тоа во последно време поради големиот број на натпревари, рече капитенот на „панцирите“.

Со потпишување нов договор со Баварците, тој ќе им се придружи на Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис, кои повторно се обврзаа на петкратниот освојувач на Лигата на шампионите во февруари.

Овој 30-годишен играч од Баден-Виртемберг во една деценија играјќи во црвениот дрес забележа 429 настапи, постигна 43 гола и 114 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2025 05:37