Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го опиша рускиот ракетен напад врз пристаништето во Одеса како директен удар врз глобалната сигурност за обезбедување храна и поморската безбедност.

Во нападот, кој се случи вчера, загинаа четири лица, а е оштетен и товарен брод што требало да испорача жито во Алжир.

„Овој напад покажува колку е блиску оваа војна до Алжир, Сирија и други земји“, напиша денеска украинскиот дипломат Андриј Сибиха на платформата Икс



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2025 05:54