СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ж.(55) и Р.И.(58), двајцата од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, во 2023 и 2024 година, пријавените, вработени во Шумско – стопанска единица „Илинска планина“ - Демир Хисар, дозволиле да има неконтролирана - бесправна сеча и на тој начин била нанесена штета на шумскиот фонд на Јавното претријатие „Национални шуми“ во висина од 1.100.925 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 04:14