Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи на настанот „Зајакнување на вештачката интелигенција во дигиталните јавни услуги во Албанија“, ги коментираше и кибер нападите од Иран.
Според него во текот на минатата година извршени се 42 сериозни напади врз државни институции, но оти истите се одбиени без поголеми штети.
-Иран не е случаен хакер. Тоа е една од најголемите сили на дигиталниот терор. Нападот го одбивме без поголема штета. Само минатата година се забележани 42 сериозни напади врз државните системи, додека во 2023 година беа регистрирани 63 такви напади, рече Рама.
Поради кибер нападите кои за првпат се случија во јули 2022 година, а за кои Тирана го обвини Техеран, Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран.
Во говорот, Рама, меѓу другото најави дека вештачката интелигенција ќе се користи во многу услуги за „доброто на државата и граѓаните“ и преку неа ќе има „апсолутна контрола на територијата и легализација“.
Најави дека вештачката интелигенција ќе биде интегрирана во Правилата за патен сообраќај, каде повеќе нема да биде потребно присуство на полициски службеници на патиштата.