Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка го коментираше поразот од Јелена Остапенко (4:6, 1:6) во финалето на турнирот во Штутгарт (Германија).

- Сакам да и честитам на противнчиката и нејзиниот тим. Уживајте во возењето на овој прекрасен автомобил (за победата на турнирот во Штутгарт, тенисерите добиваат Порше). Мило ми е што можам и јас да си го дозволам тоа. По ова финале ќе го нарачам, бидејќи за мене тоа е единствениот начин да дојдам до него, изјави тенисерката по мечот.

За 26-годишната Белорусинка ова е четврти пораз во последните пет години во финалето на турнирот во Штутгарт.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2025 06:47