Фудбалер кој игра во третата лига на Англија е осуден на 14 месеци затвор за предизвикување смрт на велосипедист пред три години, соопшти денеска полицијата на Западен Јоркшир.

Лукас Акинс, кој е напаѓач на тимот од Лига 1, Мансфилд Таун, управувал со својот Мерцедес кога на 17 март 2022 година го удрил 33-годишниот велосипедист Адријан Даниел на раскрсница во близина на Хадерсфилд. Даниел починал десет денови подоцна од здобиените повреди во сообраќајната несреќа, Акинс, 36, беше осуден во судот во Лидс откако претходно призна дека предизвикал смрт со невнимателно или неодговорно возење. Фудбалерот, кој последен пат беше на теренот во понеделникот, исто така доби забрана да управува со автомобил во траење од една година.

„Клубот ја разгледува својата позиција во врска со Лукас и нема да дава дополнителни коментари во оваа фаза“, се вели во соопштението на Мансфилд, во кое се изразува и „искрено и длабоко сочувство до семејството на Адриан Даниел“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2025 04:20