Тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра е примена во болница со висока температура по враќањето од дводневна посета на Камбоџа, пренесоа агенциите, повикувајќи се на владиниот портпарол Џирају Хунгсуб.
Шинаватра покажа симптоми на треска кратко по враќањето од Камбоџа и вчера отиде на преглед. Таа е примена во болница и ќе биде подложена на дополнителни испитувања.
Нејзините состаноци за денеска се одложени. Планирани беа состаноци со сингапурската компанија за е-трговија „Си Лимитед“, поранешниот британски премиер Тони Блер и Националниот комитет за полициска политика.