Просечната нето плата за февруари годинава во Србија изнесувала 103.519 динари (883 евра), а просечната бруто плата, вклучувајќи ги даноците и придонесите, изнесуваше 142.908 динари (1.219 евра), соопшти денеска српскиот Завод за статистика.

Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-февруари 2025 година, во споредба со истиот период лани изнесува 11,1 процент номинално, односно 6,2 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за февруари годинава е номинално поголема за 10 проценти, а во реалност за 5,3 проценти



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2025 04:38