Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска во просториите на Владата оствари работна средба со Анџела Агелер, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Средбата беше оддржана во исклучително конструктивна, работна и пријателска атмосфера, при што фокусот беше ставен на понатамошното продлабочување на партнерските односи помеѓу двете држави, влади и нивните граѓани, информираат од Министерството.

На средбата било потенцирано значењето на стратешкото партнерство кое Република Македонија го има со САД на билатерално и мултилатерално ниво, особено континуирата поддршка која САД ја дава на остварување на стратешките приоритети на Македонија.

Од страна на потпретседателот на Владата Изет Меџити биле потврдени и повторени заложбите на Владата за продолжување на реформите во насока на исполнување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија. Било подвлечено и одличното ниво на соработка помеѓу двете држави во НАТО, како основен и значаен предуслов за оддржување на мирот и стабилноста во нашиот регион.

Биле разговарани и теми поврзани со правосудните реформи и потребата од зголемување на довербата на граѓаните во судските институции и постапки, а станало збор и за продолжување на борбата против корупцијата во државата како основен предуслов за градење на функционална демократија.

Од страна на двајцата соговорници било истакнато задоволство за интензивирање на реализацијата на проектите за изградба на коридорите 8 и 10Д, при што Меџити ја истакнал посветеноста на Владата на овој приоритет.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2025 04:38